Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја ја посетиле 83 милиони туристи

Оваа земја ја посетиле 83 милиони туристи

Близу 83 милиони странски туристи ја посетиле Франција во 2016 година, што е помалку во споредба со 85-те милиони во 2015 година. 

Сепак,  Петтата република остана прва светска туристичка дестинација, соопшти АФП. 

„2016-та ќе остане посебна година поради нападите, лошото време и социјалните протести"- истакна министерот за надворешни работи и меѓународен развој, Жан-Марк Еро пред новинари во југозападниот град Биариц. 

Тој истакна дека Франција настрада, но првите проценки за бројот на странските посетители ја прават прва туристичка дестинација во светот, како и во 2015 година, кога ги надмина САД и Шпанија.

Министерот ги истакна и напорите на владата и индустријата за обновување на добриот имиџ на францускиот туризам во странство, особено со планот за рекламирање. Ефектот бил реален, особено со враќањето на јапонската клиентела, изјави Еро, додавајќи дека сега целта на Владата е да се достигне симболичниот праг од 100 милиони туристи во 2020 година

Конечниот број на туристи во Франција во 2016 година, ќе биде објавен дури во март.

Слично

Поврзани вести