Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја има се повеќе милионери

Оваа земја има се повеќе милионери

Бројот на германски граѓани кои годишно заработуваат над еден милион евра се зголемува. 

Ова го соопшти германската канцеларија за статистика.

Во 2013 година 17.400 даночни обврзници пријавиле приходи поголеми од еден милион евра, што е за 20%  повеќе отколку во 2010 година.

Просечен бруто приход во групата на милионерите изнесува 2,7 милиони евра.

Кај 79.200 даночни обврзници, кои имаат приход поголем од 250.731 евра годишно, се применува најголемата даночна стапка од 45%.

Истовремено, 9,6 милиони даночни обврзници се ослободени од плаќање данок затоа што нивните годишни приходи не надминуваат 8.131 евра.

Причините што оваа даночна статистика се објавува со три години задоцнување лежат во долгите рокови за даночна пријава. Во земјата можат да се предадат и две години по завршената фискална година.

Слично

Поврзани вести