Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја го зголеми производството на опиум

Оваа земја го зголеми производството на опиум

На територија на Авганистан се одгледува опиумски мак на површина од 201.000 хектари, што е за 10% повеќе во однос на лани кога беа засадени 183.000 хектари. 

Ова го соопштуваат од Обединетите нации и од Владата во Авганистан. 

Производството оваа година е 4.800  тони во однос на  3.300 тони лани.

Авганистан произведува повеќе од 80% од светските количини на опиум. 

Тој е исушен млечен сок кој се добива од изрежани главици од мак. Содржи 25% алкалоиди заради што има наркотични својства. Од алкалоидите најзастапен е морфиумот. 

Слично

Поврзани вести