Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oваа земја е најпосакуваната дестинација за преселба во 2025 година: Над 250.000 луѓе месечно бараат начин да заминат таму

Oваа земја е најпосакуваната дестинација за преселба во 2025 година: Над 250.000 луѓе месечно бараат начин да заминат таму

Без разлика дали станува збор за потрага по подобро време, пониски трошоци за живот или едноставно желба за запознавање на нова култура, експертите од компанијата 1st Move International составија листа на најпосакувани дестинации во светот за живот, пишува Дејли Меил.

Анализата на глобалните податоци од пребарувањето на Google покажа дека Канада го освои првото место втора година по ред, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселба само оваа година. Оваа популарна дестинација, која надмина 74 други земји вклучени во истражувањето, продолжува да привлекува луѓе со своите прекрасни природни пејзажи и висок квалитет на живот.

Веднаш зад Канада е Австралија, која привлече 207.900 пребарувања со своите прекрасни плажи и опуштен начин на живот. Ирска се најде на третото место со 179.400 пребарувања, по што следуваат Нов Зеланд со 177.700 и Јапонија на петтото место со 172.880 пребарувања.

Португалија, Костарика, Шпанија, Холандија и Тајланд, исто така, се најдоа меѓу првите десет.

foto Wikipedia/alyssa BLACK.

Слично

Поврзани вести