Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја е купувач број еден на злато

Оваа земја е купувач број еден на злато

Централната банка на Русија (ЦБР) во септември купила најмногу злато во светот, пишува Business Insider, цитирајќи податоци на Светскиот совет за злато (WGC).

Русите купиле за државните резерви 16,55 тони злато. Според податоците на WGC Москва дваесетти последователен месец купува неколку количини од скапоцени метали.  Покрај Русија, минатиот месец на второто и третото место по купување на злато се централните банки на Кина (4,98 тони) и Казахстан (4,14 тони). Турската централна банка купила 13,5 тони злато. Во септември просечните цени на златото биле 1316 долари за унца, а во октомври се намалија до 1250 долари.

Статистиката на WGC укажува уште дека овие земји се единствените во светот од почетокот на годината, кои ги зголемиле своите златни резерви.


Слично

Поврзани вести