Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа метропола со години има бесплатен градски превоз

Оваа метропола со години има бесплатен градски превоз

Градоначалникот на Талин, Едгар Сависар во 2013 година воведе бесплатен градски превоз по референдум со граѓаните. 

Дел од луѓето сметаа дека ова е популистички проект кој не може да се дозволи, но тој и понатаму функционира. 

Овој проект на естонската метропола и носи годишен профит од 20 милиони евра. 

За да се возите бесплатно мора да сте жител на градот и да поседувате „зелена карта“ за чија изработка се плаќаат 2 евра. 

Откако почна проектот, 25.000 луѓе се преселиле во градот за да ги користат овие бенефиции. 

Целта на проектот е да се намалат трошоците на граѓаните и да се намали метежот во сообраќајот. 

Според анкетите, 90% од граѓаните го одобруваат проектот. 

Градскиот превоз е чист, секогаш има место, а возењето трае 15 минути. 




Слично

Поврзани вести