Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа европска земја ќе ви даде 25.000 евра ако се откажете од возачката дозвола: Еве зошто

Оваа европска земја ќе ви даде 25.000 евра ако се откажете од возачката дозвола: Еве зошто

Малта почна програма која им нуди на младите луѓе 25.000 евра доколку се откажат од управување со моторно возило пет години.

Учесниците можат да побараат враќање на возачката дозвола еднаш годишно, но мора да го вратат неплатениот дел од парите освен во оправдани случаи.

Една европска земја одлучи да се справи со огромните сообраќајни метежи на прилично необичен начин - им нуди пари на младите луѓе за да се откажат од возењето. Програмата веќе почна да се спроведува, а оние што ќе се согласат на условот можат да добијат дури 25.000 евра, но со обврска да не седнат зад воланот пет години.

Сцената би можела да изгледа вака: дваесетгодишен маж доаѓа на шалтерот на Транспорт Малта, ја предава возачката дозвола и потпишува изјава дека нема да вози никакво моторно возило во следните пет години.

За возврат, тој добива чек во вкупен износ од 25.000 евра.

Иако звучи како идеја на некој креатор на содржини на YouTube, тоа е официјална јавна мерка што стапи на сила во јануари 2026 година.

Малта, земја со многу висока густина на население и едно од највисоките нивоа на моторизација во Европа, има сериозен проблем со сообраќајот во последниве години. Според неодамнешното рангирање, островот е рангиран на второ место во светот по најбавен сообраќај. Возачите во главниот град Валета поминуваат до 94 часа годишно заглавени во сообраќајни метежи за време на шпицот.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести