Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Оваа економска и надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае до првата посериозна економска криза“: Ивон Величковски со детална анализа

„Оваа економска и надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае до првата посериозна економска криза“: Ивон Величковски со детална анализа

Политиката на Владата „Со САД и Велика Британија за инает на Европската унија“ е веќе видена. И ќе трае до првата посериозна економска криза.

Одбивноста на Орбанова Будимпешта кон Европската унија финансирана со европски фондови, ВМРО-ДПМНЕ ја „патентираше“ во Скопје уште во мандатот на Груевски.

Ова го пишува политичарот Иван Величковски и лидер на Нова Република, кој даде детално образложение за нашите односи и однесувањето на нашите власти. Еве дел од неговиот став: 

- Ако Будимпешта на Орбан е „точка на влез“ за интересите на Русија и Кина во Централна Европа како дел од евро-атланскиот политички, економски и безбедносен простор, Скопје на Груевски, Заев и сега Мицкоски ја игра таква улога во позадината на Егејското и Црното Море. Барем до „враќањето“ на Белград на позицијата носител на „неврзаноста“ низ присуство ширум ЈИЕ.

Затоа, за медиумско-аналитичко-политичките „бардови“ со педигре од СКМ, НИП и РТВ-Скопје, во овие 20 години беа прифатливи сите играчи од 1992 до денес кои не ја рушеа оваа политичка „хомеостаза“.  

Ваквата "игра" на политичко Скопје е спротивна и на националниот интерес на Македонија и на интересот на македонскиот народ.  

Таа е сведена на провидното „итроманство“: „Со САД и Велика Британија контра Европската унија за инает на Албанија, Русија и Грција“.  

А ова „итроманство“ е втемелено на неколку погрешни премиси:  

Премиса 1: Една администрација е доволна да ги наруши односите САД, Велика Британија и ЕУ..  

Овие односи се амплитударни и во текот на Студената Војна, а  и денес нема единствена одбранбена структура. Но евроатланската заедница (изградена на борбата со тоталитаризмот) свесно го разгради сопствениот империјализам и сега по втор пат му се спротивстави на рускиот: до 1990 комунистички, од 2014 путинистички.

........

Затоа препорачливо е Мицкоски да повлече "рачна" кога Николовски по средба со американскиот помошник државен секретар за Европа ќе воскликне дека „За прв пат на политичка средба на високо ниво, тема бр.1 не е ЕУ... ова се центрите надвор од Брисел кон кои го насочуваме нашето внимание.“

За да биде вистински партнер, уште при дефинирањето на Трговскиот договор со САД, Македонија треба да предвиди идни корекции или временска транзиција на одредби од моментот на влезот на земјата во единствениот европски пазар низ членството во . Ако Владата на Северна Македонија стои на евроинтегративниот пат.

Имено, дел од производите што со овој договор ќе ни доаѓаат со 0% царина ги исполнуваат нашите моментални, но не и европските правила и стандарди. А тие европски правила и стандарди, вклучително трговските договори меѓу ЕУ и САД, со полноправно членство во ЕУ ќе станат и наши.

....

Инаку, оваа економска и надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае до првата посериозна економска криза.

Тековно е подредувањето на економските, транспортните и енергетските текови на 21 век и тоа навестува пролонгирани предизвици особено во цената на енергенсите.

Владата на Мицкоски како континуитет на деиндустријализирачките влади на Груевски и Заев не може да се справи со ризикот од стагфлација поради структурните слабости на домашната економија, цените на енергенсите и ниско продуктивната, се поиселена работна сила. И во надминувањето на овие потенцијални проблеми природно ќе биде упатена на помош од Брисел. Не од Будимпешта, Белград или Бањалука.




Слично

Поврзани вести