Оваа земја ги потроши сите златни резерви за една цел
Во последните 50 години златните резерви постојано и се намалувале, а денес нема ниту грам злато во државна сопственост.
Канада ги потроши сите златни резерви и за прв пат од 1935 година нема злато во сопственост на државата.
Во текот на 60-те имала над 1 000 тона злато, а веќе во 1985 година почнуваат да се преполуваат, за на крајот да дојдат до само три тона.
Во последните три месеци Канада ги продаде и последните 100 000 уници злато.
Целта на земјата е парите од златото да ги вложи во хартии од вредност, кои смета дека се многу полесни за тргување.
Слично
