Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПЕПКО! Постои ризик од задушување, веднаш вратете го!

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПЕПКО! Постои ризик од задушување, веднаш вратете го!

Пепко повлекува од продажба производ за деца поради ризик од гушење, соопшти Министерството за внатрешна и надворешна трговија на соседна Србија преку својата служба НЕПРО.

Станува збор за пластични детски маски за лице од брендот PEPCO, ставка SKU 611118, спакувани во проѕирна пластична амбалажа.

Како што е објаснето, пластиката на амбалажата е премногу тенка, па ако детето си игра со амбалажата може да ги покрие устата и носот, што може да доведе до задушување.

„Известувањето за повлекување на артиклот од продажба испратено до сите продавници за малопродажба преку е-пошта“. „Потрошувачите се информирани преку веб-страницата, како и со известувања прикажани на продажните места, за можноста за враќање на парите“, се наведува на веб-страницата.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести