Оваа балканска земја има 92 мултимилионери и 540 илјади невработени!
Oколу милион жители на Босна и Херцеговина живеат на границата на сиромаштијата, а од нив повеќе од 600 000 живеат под таа граница.
На другата страна се 617 супербогаташи. Средната класа е целосно уништена, и тоа е социјалната слика на денешна БиХ, пишува Дневни лист.
Според сите анализи, околу 30 000 жители на БиХ имаат што да јадат само благодарение на храната која бесплатно ја добиваат во народните кујни. Во БиХ повеќе од 540 000 се невработени, со само 718 000 вработени. Посебно драматична е проценката дека околу 200 000 вработени работат за минимална месечна плата од околу 370 марки, а еднаков број на вработени не добиваат плата ниту им се платени доприносите.
Од околу 500 000 пензионери во БиХ повеќе од 60 отсто од нив имаат пензија која едвај преминува 300 марки. Според неодамнешната анализа на Светската банка, БиХ е на петто место меѓу најсиромашните европски земји зад Молдавија, Украина и Албанија.
Во БиХ по глава на жител годишно се трошат 28 кг месо, а во земјите на ЕУ 91 кг, во ЕУ годишно по глава на жител се јадат 35 кг леб, а во БиХ 110.
Од друга страна , во оваа земја постои мал број на многу богати лица. Истражувањата покажуваат дека во БиХ живеат 92 мултимилионери чие богатство вреди нешто повеќе од десет милијарди марки. Во таа категорија, според меѓународните стандарди и методологија, припаѓа секоја личност чие богатство е поголемо од 30 милиони долари. Покрај тоа, бројот на мултимилионери расте, во 2012 година биле 65 а нивниот број во 2015 се зголемил на 92, додека според проценките на крајот на 2016 ќе бидат повеќе од 100.
Во БиХ живеат и 525 милионери, кои на сметките во банка имаат милион и повеќе марки.
