Ова важи и за Македонците: Ако патувате во Хрватска, има нови правила за влез
Нови правила има на границата со Хрватска, а предупредувањето важи и за македонските граѓани.
Граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, на кои не им се потребни визи за патување во ЕУ, отсега ќе мора да користат специјално означени делови на граничните премини резервирани само за нив.
„Ќе има одделни ленти за влез и излез за патниците од трети земји кои подлежат на EES системот,“ појаснува хрватското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека сите земји во регионот биле навремено информирани за овие промени.
Новиот систем за електронска и безбедносна евиденција има за цел подобра контрола и следење на влезовите и излезите од територијата на ЕУ, но првите денови од неговата примена донесоа и неочекувани проблеми. Некои патници се пожалиле на долги редици, додека други добиле парични казни поради тоа што, по навика, се обиделе да влезат преку лентите означени со „пасош на ЕУ“ наместо преку оние со ознака EES.
Со овие промени, Хрватска – како прва членка на ЕУ што ја преминуваат патниците од регионот – стана тест зона за новиот систем, кој во иднина ќе се применува на сите надворешни граници на Унијата.
foto freepik.com
