Економија, финансии, бизнис

Контакт

OВА СЕГА Е НАЈСКАПОТО ОВОШЈЕ КАЈ СОСЕДИТЕ: Килограм чини до 1.600 динари

OВА СЕГА Е НАЈСКАПОТО ОВОШЈЕ КАЈ СОСЕДИТЕ: Килограм чини до 1.600 динари

По црешите, кои ја понесоа титулата најскапо овошје во мај со цена од 1.000 до 1.500 динари, капините го зазедоа тоа озлогласено место во јуни.

На еден од белградските пазари, килограм од тоа овошје е 1.600 динари. Иако сме длабоко во сезоната, цените сè уште не паѓаат, пишува РТС.

„Оваа година, сите овошја се дефицитарни. Нашата набавка е добро испланирана и однапред договорена. Затоа, ќе бидеме принудени да увезуваме само минимални количини овошје. Се обидуваме да ги оптимизираме нашите внатрешни процеси за цената на нашите производи да остане стабилна. Оваа година, доколку има зголемување на цената, ќе биде минимално“, вели Дуња Бибиќ, менаџер за односи со јавноста на „Фрувита“.

Сепак, увозот нема да биде лесен. Романија, Бугарија, Молдавија исто така беа погодени од студениот бран, а особено погодена беше Македонија.

Експертите, предвидувајќи неповолни климатски услови, советуваат преориентација кон поотпорни сорти.

Слично

Поврзани вести