Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се трите најдоходовни имотни зделки во историјата

Ова се трите најдоходовни имотни зделки во историјата
Иако и денеска постојат многу профитабилни зделки кога станува збор за продажбата на земјиште, сепак тоа не е ништо во споредба со некои трансакции  во минатото. Ова се трите најдоходовни продажби на земја во историјата на човештвото. 1. Продажбата на Алјаска САД ја купуваат Аљаска од Русија во 1867 година. По Кримската војна, Русија се плаши од војна со Британија и набрзина ја продава Аљаска по цена од 7.2 милиони долари. Колку чини оваа земја денес? Државата има површина од 1 477 261 километри квадратни. Дури и при цена од само 100 долари за хектар, државата чини 37 милијарди долари. Но, не станува збор само за земјата - во Алјаска се добиваат нафта и природен гас кои носат милијарда долари годишно. Таа е една од ретките држави каде што нема данок на доход. 2. Продажбата на Луизијана САД ја купува државата Луизијана од Франција во 1803 година за само 15 милиони долари (еднакви на 233 милиони долари денес). Купувањето на Луизијана за малку немало да се случи. Многумина го критикувале претседателот Џеферсон дека е со ова ги своите овластувања. Колку чини Луизијана денес? При цена на земјиштето околу 1000 - 4000 долари за хектар, територијата на државата чини над 1.2 трилиони долари. 3. Договорот од Тордесиљас Во периодот меѓу 1400-1500 година,  Шпанија и Португалија беа двете суперсили во светот. Откривањето на Америка од страна на Кристофер Колумбо доведе до расправии за тоа кој ги има правата над новите територии. На крајот двете страни се согласиле да ги поделат по меридијан, западно од островите Капело Верде. За жал оваа зделка не останала многу рамноправна, а  на Шпанија и останал поголемиот дел од Јужна Америка, со исклучоци на денешен Бразил. По 1898 година двете страни почнале да го губат меѓународното влијание. Не е возможно да се пресмета точната цена на оваа зделка, но контролата која Шпанија  ја добила над Латинска Америка била од големо историско значење. Повеќето земји од континентот добиле независност во период 1800 до крајот на 1900-та година.
Слично

Поврзани вести