Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се топ три најплатени професии во Македонија

Ова се топ три најплатени професии во Македонија

Вработените во воздухопловен транспорт во мај годинава имале нето плата од 47.935 денари, 43 431 денари во информации и комуникации, и во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности нето износот бил 59.387 денари. 

Овие три сектори предничат по високите примања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, изнесува 103.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019, изнесуваше 25 270 денари.

Слично

Поврзани вести