Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Њујорк, Хонг Конг и  Сан Франциско се градови со најмногу милијардери. 

Прв на листата е Њујорк, кој е единствениот град во светот – дом на повеќе од 100 милијардери. Денес тие се веќе 113, или 8 повеќе од една година претходно. 

Зад него е Хонг Конг, каде има 96 милијардери. Таму 9 нови лица се најдоа на ранг-листа на милијардерите или се преселиле во градот.

Третото место е резервирано за Сан Франциско со 77 милијардери, или два повеќе од пред една година. Градот е присутен на рангирањето од 2016 година.

Вкупниот број на милијардери во светот на крајот на 2019 година веќе изнесуваше 2.825 луѓе, што е за 8,5% повеќе од една година претходно, според годишното истражување за најбогатите на планетата направено од „Wealth-X“.

Сите 2.825 топ-богати луѓе денес имаат 9,4 трилиони долари, што е за 10,4 отсто повеќе во однос на лани. 

Слично

Поврзани вести