Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Пет највисоки просечни плати по вработен во јули земале вработените во секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари). 

Во Македонија платите растат. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Слично

Поврзани вести