Ова се секторите на кои им се заканува пропаст во Европа!
Иако во ЕУ постојат видни знаци за окончување на рецесијата, дел од секторите сеуште се изложени на ризик, наведува консултантската куќа Кофас, во својот извештај.
Најзначајна гранка во ЕУ е металуршката индустрија чиј перспективи за 2014 не се ниту малку охрабрувачки имајки го в предвид постојаниот пад на профитот и профитабилноста.
Стабилноста на металуршкиот сектор во голема мерка зависи од европскиот градежен и автомобилски сектор.
Кофас, автомобилскиот сектор во зејите од ЕУ го вбројува во категоријата сектори со многу голем ризик и покрај константниот раст на продажба во последните шест месеци.
Секторот градежништво исто така е во категоријата со висок ризик каде се наоѓаат и хемиската и дрвопреработувачката, фармацевтската и електронската индустрија. Според пердвидувањата на Кофас, пред градежниот сектор претстови навистина тешка година, со оглед на тоа дека порачките се во големо опаѓање, за десет проценти во однос на јануари 2013 како и цената на услугите.
Освен во Германија и Данска, каде дојде до благо подобрување, бројот на доделени градежни дозволи е во остар пад посебно во јужна Европа, Франција па дури и во Велика Британија што е доказ за големата воздржаност на инвеститорите во поглед на долгорочните инвестиции во околности на високо ниво на невработеност и недоволна доверба во владеачките елити.
Во групата сектори со средно ниво на ризик, Кофас ги рангира услужните дејности, текстилната и прехрамбената индустрија кои гледано среднорочно имаат релативно стабилна прогноза.
К.К.

Слично