Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се работите кои ги одбиваат купувачите на недвижности...

Ова се работите кои ги одбиваат купувачите на недвижности...

Искусниот агент за недвижности Кевин Барзегар од компанијата „Kaybridge Residential“ издвои неколку елементи кои, според неговото искуство, најчесто ги одбиваат луѓето што доаѓаат да разгледуваат недвижнини. 

Како што објаснува тој, клиентите сакаат да се замислат себеси во простор, а сè што изгледа застарено, пренатрупано или премногу лично - им го отежнува создавањето на таа слика. Наместо „готов дом“, тие гледаат дополнителна работа и трошоци.

Најпроблематичниот детаљ, верувале или не, се декорациите. Кога се занемаруваат или пренагласуваат, тие даваат впечаток на неуредна  средина, што веднаш создава негативен прв впечаток кај клиентите. 

Меѓу главните „фактори на одбивање“ се старите кујнски елементи во темни тонови, особено во портокалова или темно кафеава боја. Денес, ваквите кујни изгледаат тешки и застарени, па купувачите веднаш ја пресметуваат цената на реновирањето. Посветлите нијанси - бела, сива, крем - визуелно го отвораат просторот и изгледаат помодерно.

Завесите од тил, исто така, создаваат лош впечаток. Иако со години се стандард во домовите, тие сè повеќе се сметаат за застарен детаљ што ја замаглува светлината и го прави просторот потемен.

Експертите советуваат сопствениците, пред да продадат, да се ослободат од застарените, лични или пренатрупани елементи. Инвестирањето во едноставно реновирање на просторот може да ја зголеми вредноста на имотот и да привлече многу поголем број сериозни купувачи, пишува Блиц Бизнис. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести