Ова се платите во Црна Гора - дали би заминале да работите таму?
Просечната бруто плата во октомври во Црна Гора изнесуваше 1.211 евра.
Просечната заработка без даноци и придонеси во октомври, според податоците на Монстат, изнесувала 1.016 евра и останала на исто ниво како и во септември.
Во споредба со истиот месец минатата година, просечната нето плата во октомври забележала раст од 7,6 проценти.
Просечната бруто плата во октомври во Црна Гора изнесуваше 1.211 евра.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври во споредба со септември забележаа пад од 0,2 проценти, следува дека реалната заработка за истиот период се зголемила за 0,2 проценти“, се наведува во соопштението.
Во споредба со претходниот месец, просечната нето заработка во октомври забележа раст во секторите уметнички, забавни и рекреативни активности за 2,4 проценти, финансиски и осигурителни дејности за 2,3 проценти, други услужни дејности за два проценти, преработувачка индустрија за 1,9 проценти, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и професионални, научни и технички дејности за по 1,8 проценти, рударство и вадење камен за 0,5 проценти, здравствена и социјална заштита за 0,2 проценти, градежништво и образование за 0,1 процент, објави vijesti.me.
Намалување на просечната нето заработка во октомври, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите земјоделство, шумарство и рибарство 4,3 проценти, дејност со недвижнини 3,1 процент, административни и помошни услужни дејности 2,2 проценти, државна администрација и одбрана: задолжително социјално осигурување 1,6 проценти, сместување и услуги за храна 1,3 проценти, сообраќај и складирање 1,1 процент, информации и комуникации 0,5 проценти, трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 0,4 проценти и водоснабдување и управување со отпадни води 0,3 проценти.
foto freepik.com
