Ова се петте професии со највисоки плати во Македонија
Во јуни година најголемата плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 72.694 денари. Податоците ги објави Државниот завод за статистика.
Понатаму следи секторот Воздухопловен транспорт – 64.764 денари, а зад нив се вработените од Финансиско услужни
дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 49.100 денари, па Производство
на останата опрема за транспорт – 47.625 денари и Производство на основни
фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 46.387 денари.
Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари.
Слично
