Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се новите цени на горивата од полноќ

Ова се новите цени на горивата од полноќ

Нови цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ. Регулаторна одлучи бензините да поскапат за половина денар, а дизелот во следните две недели да се точи по цена помала за 1 денар .

Имено, ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и после полноќ неговата цена ќе изнесува 69,50 ден/лит.

Дизелот ќе чини 59,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 48,00 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот која ќе изнесува 29,099 ден/кг.

Овие цени почнуваат да важат од ноќеска на полноќ и ќе бидат на сила во наредните две недели.

Слично

Поврзани вести