Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Од ноќеска на полноќ горивата имаат нови цени. 

Цената на бензинот се намалува за 3 денари, а дизел-горивото поевтинува за 2 денари, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63, односно 65 денари.

Цената на горивото „еуродизел“ се намалува за 2 денари и еден литар ќе се продава за 49 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,45% пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2% понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Слично

Поврзани вести