Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се насловите во грчките медиуми по референдумот

Ова се насловите во грчките медиуми по референдумот

Новинарите во Грција, детално ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев, во однос на резултатот, изјавите на лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, но ги споменуваат и можните сценарија во однос на процесот на уставни промени, јавува дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македонија акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „Зa“.

„Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36,6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен: Гласот „ЗА“ договорот треба да се почитува“; „Референдум во ПЈРМ: „ДА“ со 91 отсто, но без излезност“; „Браво од Ципрас за Заев за одлуката да продолжи со спроведување на договорот“; „Заев: За Преспа ќе одам во Собранието, ако не успеам ќе распишам избори“; се дел од насловите во грчките медиуми.

АНА-МПА, ги пренесува и изјавите на Христијан Мицкоски, на Али Ахмети и на Талат Џафери, и ставот од МОСТ.

„Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, во неделата се обврза дека ќе продолжи да се стреми кон спроведување на Договорот од Преспа, барајќи гласање во Собранието за да се реши спорот со Грција за прашањето за името, и покрај тоа што излезноста на необврзувачкиот референдум во неделата не надмина 50 отсто од изборното тело, што е потребно за да се смета за валиден“- пишува информативниот портал реал.гр. 

Грчките медиуми пишуваат дека доколку не се постигне мнозинство во Собранието за уставните измени, тогаш ќе се распишат предвремени избори.

Слично

Поврзани вести