Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се најскапите пасоши на „црниот пазар“

Ова се најскапите пасоши на „црниот пазар“

Украдени или фалсификувани пасоши на „дарк нет“ (интернет на кои се наоѓаат недозволени работи) не е тешко да се најдат, но не е ни ефтино.

Лажните пасоши можат да чинат и неколку илјади долари во зависност од кои држави доаѓаат и каков им е квалитетот.

Американскиот портал „Вокатив“ ја анализираше цената на фалсификувани или украдени пасоши кои се продаваат на 13 страници на „дарк нет“.

Тој дошол до заклучок дека најскап пасош е данскиот (4 017 долари), иако на ранг листата за најмоќни пасоши тој е на петто место.

Ова е листата на најскапи пасоши на црниот пазар: Данска – 4,017 долари

Белгија – 3,637 долари

Холандија – 3,637 долари

Велика Британија – 3,490 долари

Франција – 3,490 долари

Шпанија – 3,490 долари

Русија – 3,013 долари

Литванија – 2,964 долари

Австралија– 2,677 долари

Канада – 2,677 долари

Германија – 2,677 долари

САД – 2,057 долари

Финска – 1,981 долари

Норвешка– 1,850 долари

Инаку, лажниот или украден пасош, на некогашната југословенска држава бил трет на светот по јачина и чинел 1000 марки.

Еве ги најмоќни пасоши во светот.

Слично

Поврзани вести