Ова се најсилните регионални брендови
Aгенцијата Valicon, ја објави традиционалната листа на најсилните регионални брендови.
Првите три места остануваат исти: Милка, Кока Кола и Вегета. Следат Цедевита, Смоки и Аргета, брендовите на Атлантик група, па Орбит, Кокта и Нивеа.
Според најновото рангирање продолжува растот на српските брендови, конкретно Смоки и Плазма, тренд кој за прв пат е забележан во 2013 година и повторен раст на Јана, која влезе во топ 10.
Во Топ 25, како и претходните години нема македонски брендови.
Valicon е една од водечките агенции за советување и испитувањена пазарот на подрачјето на регионот на југоисточна Европа, со посебен фокус на земјите на поранешна Југославија.
Агенцијата ги следи најголемите регионални играчи од различни индустрии, собирајќи толку екстензивен увид во регионот.
