Ова се најплатените професии во Србија…
Просечната плата во Србија е нешто помала од 400 евра, но со некои професии можете да заработите и до 4.000 евра.
Следните професии се многу профитабилни:
фитнес инструктор - плата до 1000 евра
Образованите фитнес инструктори денес имаат можност да го наплатат она што го учеле.
контрола на летање - плата до 3.000 евра
Контролата на летање во Србија и Црна Гора има 899 вработени според податоци од минатата година. Тие земаат плата од 3.263 евра.
ИТ сектор - плата од минимум 700 евра
Во оваа бранша загарантирана ви е висока плата, но за работа малку се чека. Почетната плата ретко е под 700 евра, а оние кои се надоградуваат можат да заработат и неколку илјади евра.
пилот - плата од 4.000 евра
До 2035 година ќе бидат потребни нови 300.000 пилоти, покажува истражување на компанијата Боинг. Платите се околу 4.000 евра, а во странски компании можеби и двојно се повисоки примањата.
пратеник - плата од 850 евра
Платите на српските пратеници се меѓу најниските во Европа, но далеку од тоа дека се лошо платени.
