Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се најголемите рекламни пазари!

Ова се најголемите рекламни пазари!
Вкупните трошоци за рекламирање во САД се очекува да достигнат 176 милијарди долари во 2014 година. Земјата останува најголемиот рекламен пазар во светот, покажува последниот преглед на рекламниот пазар на Zenith Optimedia. За да се илустрира колку точно е голема предноста на САД и нејзиниот пазар, тој е поголем од следните шест најголеми пазари - Кина, Јапонија, Германија, Велика Британија, Бразил и Франција - земени заедно. Овој графикон ги покажува трошоците за рекламирање по глава на жител во 10-те најголеми рекламни пазари во светот: gf1 Се очекува оваа година Кина да ја надмине за првпат Јапонија по вкупните трошоци за рекламирање. Ова сепак прикрива колку далеку е кинескиот пазар по цена на поединец спрема останатите големи пазари. При споредба на трошоците за рекламирање со населението се гледа појасно каде реално стои Кина. Трошоците по глава на жител за реклама во Кина се најмалите меѓу десетте најголеми пазари. Ова ниво одговара приближно на трошоците по глава на жител на САД во 40-те години на минатиот век. Оваа графика покажува кои се десетте најголеми рекламни пазари во 2014 година и кои се очекува да бидат во 2017 година. Трошоците се во милиони долари, сметани според просечните стапки на вредности за 2013 година. К.К.
Слично

Поврзани вести