Ова се менаџерите и стопанствениците кои се приклучуваат на Стопанската комора на Македонија
Во органите на Комората се приклучуваат менаџери и стопанственици кои со своите професионални квалификации, стручноста, деловното искуство и ентузијазам, ќе придонесат за постигнување на повисоки цели.
Оваа информација ја соопштија денеска од Стопанската комора на Македонија.
Нови членови се Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ АД - Скопје, како нов потпретседател на Стопанската комора на Македонија, како и Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување- Друштво за неживотно осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“.
Слично
