Ова се мајката и синовите кои загинале во Црна Гора: Го преминувале мостот преку надојдената река, таткото остана без семејството ФОТО
Мајка и два сина Александра (43), Немања (19) и Младен (16) Коруга загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи вчера во местото Рогами во Црна Гора.
Несреќата се случила кога „голф 3“ кој минувал преку мостот, од силен порој завршил во реката.
Нивниот сопруг и татко Гојко остана без целото семејство.
Како што стои на некрологот, Александра, Немања и Младен ќе бидат погребани на 22 ноември 2022 година, во Плевља на градските гробишта Чепурци.
Да потсетиме, два автомобили се обидоа да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.

Сепак, како што пренесува овој портал, возачот на другиот автомобил сепак одлучил да се обиде да помине. Кога бил на средина, силен порој од вода го превртел возилото, кое завршило во реката.
Според мештаните, овој мост не е погоден за сообраќај кога водостојот на реката е висок.
Еден од жителитеим рекол на новинарите дека бил надвор со својот брат и соседите кога слушнал гласови кои доаѓаат од мостот.
- Видовме дека автомобилот плови по реката и дека почнал да тоне. Женско лице скокнало од задната врата и почнало да плива. Бидејќи не сме пливачи, јас и брат ми се обидовме да и фрлиме црево за да се фати за да ја извлечеме од водата, но беше безуспешно - рекол тој.
Наводно, возачот на автомобилот се обидел да го помине мостот, но поројот го однел возилото, изјавиле за медиумите очевидци на трагедијата.
ИЗВОР: Курир.рс
