Ова се грчките острови кои можат да бидат ваши!
Пред неколку дена беше распространета веста дека грчката влада може да ги продаде островите . Во Грција островите се на број околу 6000, но сеуште не е јасно колку точно се сопственост на Владата. Но, дури и островите, сопственост на приватни инвеститори, можат да бидат објавени за продажба, за да пресретне зголемувањето на даноците на имот, наведува "Кориере дела сера".
Веќе стана јасно дека актерот Џони Деп си го купи за 4,2 милиони евра островот Стронгили, на околу 5 морски милји југоисточно од островот Кастелоризо и крај бреговите на Турција. Според податоците од 2001 година на островот живееле 9 лица и според пописот од оваа година Стронгили е најисточната населена грчка територија. Островот има површина од само 0,22 квадратни километри.
[caption id="attachment_167530" align="aligncenter" width="600"]
Стронгили[/caption]
Зделката била склучена со помош на Агенцијата за недвижности Proto Organization со седиште во Велика Британија.
Таа беше посредник и на Бред Пит и Анџелина Џоли при купувањето на нивниот остров во Јонското Море.
Деп е 52 години. Тој е актер, режисер, музичар, сценарист и продуцент, со три номинации за "Оскар" и добитник на наградата "Златен глобус". Во 2012 година ѕвездата од филмовите "Пиратите од Карибите" влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапо платениот актер на планетата.
Меѓу поволните за купување острови е Оморфи. Тој е во Јонското Море, на него има една единствена зграда, површината му е 4,5 милиони квадратни метри, долг е речиси 2 километри и е широк уште 2 километри. 20 проценти од островот има можност за изградба. Цената му е 50 милиони евра.
За 40 милиони евра може да се купи островот Долича. Тој се протега на 5,4 квадратни километри, а највисоката точка му е 250 метри надморска височина. Островот е во Јонското Море, нема градби, но има над 4.500 маслинови дрвја.
За 35 милиони евра се продава Северноегејският остров, кој е на половина час пат по море од Атина и кој е ненаселен со површина од 0,35 квадратни километри.
15 милиони евра се проценува остров Свети Тома. Со ферибот од Коринт до него се стигнува за 20 минути. Од Атина се потребни 45 минути. Областа му е 1,2 квадратни километри и се наоѓа во Заливот на Егина. Во меѓувреме се појави информацијата дека островот е купен оваа недела од легендарниот инвеститор Ворен Бафет и италијанскиот милионер Алесандро Прото за 15 милиони евра.
[caption id="attachment_167531" align="aligncenter" width="667"]
Свети Тома[/caption]
Двајцата инвеститори шират заедничко соопштение во кое се наведува дека ќе инвестираат во островот, а ќе изградат недвижности врз него во обид да го поддржат развојот на регионот како целина.
Бафет верува дека постојат многу можности во Грција во моментов, ако има заинтересирани да инвестираат.
За пристојна цена од 6,9 милиони евра се продава островот Нафсика со површина од 5 квадратни километри. Во последните години тој преминуваше од едни во други раце. Островот е исклучително планински и се наоѓа во Јонското Море.
Островот Кардиотиса со површина 1,1 квадратни километри се продава во Егејското Море за 6,5 милиони евра. За 5,5 милиони евра може да се купи Јонскиот остров Нисос Софија со површина од 0,18 квадратни километри. Тој е заштитено подрачје, постојат ограничувања за изградба и за премин на јахти во близина на брегот.
За 5 милиони евра може да се стекне дел од островот Китнос. Тој е поделен на 25 мали територијални единици и е на еден час пат со ферибот од Атина. Се наоѓа во западниот дел на Кикладските острови. На него има дваесетина куќи, улици, струја, вода.
За 3 милиони евра се продава островот Гаја. Тој е поделен на 6 парцели и сега фирмата која го поседува, има дозвола за градба на 6 вили. Се наоѓа во Јонското Море и е со површина 0,17 квадратни километри. Излегува поевтин од куќа во Лондон.
За 3 милиони евра може да се купи и Лихнари. Тоа е всушност полуостров на 10 минути пат од Коринт. Областа му е 0,39 квадратни километри. Постојат куќи, вода за пиење, улици и маслинови насади.
Овие објекти се нудат од Фират Прајват Ајленд, специјализирана за продажба на острови ширум светот, појаснува "Кориере дела сера".
Обработка: К.К.
Извор: "Кориере дела сера"

Слично