Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА СЕ ЕВРОПСКИ РАЕВИ: Во овие земји на ЕУ просечна плата и до 3000 евра

ОВА СЕ ЕВРОПСКИ РАЕВИ: Во овие земји на ЕУ просечна плата и до 3000 евра

Најголемите просечни плати во државите на Европската унија ги имаат работниците на Данска и Луксембург додека најниска е платата во соседна Бугарија.

Ова се резултатите од истражувањето кое ги направил истражувачот и економист Ренис Фишер, кој често прави економски анализи, пренесува balkans.aljazeera.net.

Според анализата која кон крајот на декември минатата година Фишер ја објави на својата интернет страница, просечните плати во Данска и Луксмбург кон крајот на минатата година изнесувале преку 3000 евра месечно.

По овие држави следат Шведска, Финска, и Ирска, каде просечното месечно примање е околу 2 500 евра.

Според оваа анализа, просечната плата во Естонија изнесува 957 евра, во Летонија 738 евра а во Литванија 693 евра.

Од останатите земји во ЕУ просечната плата во Португалија изнесува 925 евра а во Грција 917 евра.

Најниските просечни плати на ниво на ЕУ ги има Бугарија - 457 евра, а на степен пред неа е Романија каде просечен работник заработува 565 евра.


Foto: Profimedia


Слично

Поврзани вести