Ова се два профили на работници кои и требаат на Германија
Германија има потреба од голема бројка на работници.
Во земјата во ноември празни биле 1,24 милиони работни места. Тоа е најголема бројка досега што е забележана.
Потребата за квалификувани работници порасна во областа на природно-техничките науки, а недостигот од работна сила во овие области достигна нов рекорд, информираше Институтот за германска економија на Келн.
„На германските компании во октомври им недостигаат 337.900 работници во областа на математиката, информатиката, природните науки и техниката, што претставува рекордна вредност и пораст од шест проценти во споредба со истиот месец минатата година“, произлегува од студијата.
Овој недостиг нема да може да се заадоволи само од увоз на работна сила, и затоа се неопходни измени во образовните програми.
Младите треба да се подготват за потребите на пазарот на трудот.
Германската економија со години се соочува со мал број работници генерално поради одењето во пензија на постојните работници.
