Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ МОМЧИЊА КОИ УМРЕА: Детали од тешката сообраќајка во Нови Пазар

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ МОМЧИЊА КОИ УМРЕА: Детали од тешката сообраќајка во Нови Пазар

Четири млади момчиња загинаа, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Лукаре, кај Нови Пазар.

Загинаа младите Амел И., Сенад Ѓ., Амар У. и Митхат Х., сите од Нови Пазар. Биле на возраст од 22, 23 и двајца на возраст од 20 години.

Во Нови Пазар поради трагедијата е прогласен ден на жалост.

Според информации на српските медиуми, сите загинати биле во автомобил марка „фолксваген голф“ со краљевски регистарски таблички, кој директно се судрил со возило од истата марка што требало да го пречека, по што излетале од патот.

Инаку, оваа делница од главниот пат што води кон Црна Гора е позната по брзо возење и чести сообраќајни несреќи.

Извор и фото Новости.рс 


Слично

Поврзани вести