Ова се четири европски земји со најмногу слободни работни места
Евростат објави дека во вториот квартал од 2025 година, 2,1 отсто од сите работни места во ЕУ останале непополнети. Ова значи дека работодавците низ Европа активно бараат работници, но не можат да ги најдат, објавува Euronews Business.
Најмногу слободни работни места има:
• Германија – 1,05 милиони
• Велика Британија – 781.000
• Франција – 504.000
• Холандија – 400.000
Од поголемите земји, Италија бележи пониска стапка од просекот со 1,7 отсто, додека на другиот крај од листата се Романија 0,6 отсто и Шпанија и Полска со само 0,8 отсто слободни работни места.
foto freepik.com/senivpetro
Слично
