Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се цените на горивата по кои ќе полните резервоари неделава

Ова се цените на горивата по кои ќе полните резервоари неделава

Неделава нафтените деривати ќе се точат по стари цени.

Одлуката на РКЕ е да не се промени ништо во однос на ценовникот иако нафтата на светските пазари претходната недела забележа раст.

Тоа значи дека и оваа седмица, возачите ќе полнат резервоари со ЕУРОСУПЕР БС-95 за 68 денари за литар.

Оние кои возат на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе плаќаат 70 ден/литар, додека дизелашите ќе точат за  62,5 денари по литар.

Она што поскапува е мазутот. Тој ќе се продава  40,424 денари за килограм додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 51,5 денари за литар.

Цените стапија на сила на полноќ и ќе важат се до понеделник напладне кога надлежната комисија за енергија ќе го утврди новиот ценовник.

Слично

Поврзани вести