Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се 20-те најбогати земји во светот

Ова се 20-те најбогати земји во светот

Двапати годишно ММФ објавува податоци за моќта на нациите во светот со статистики за БДП по жител. ММф ги рангира земјите според нивниот БДП и куповната моќ по жител, пишува Business Insider.

Куповната моќ ги зема предвид релативните трошоци на живот и стапките на инфлација во земјите во споредба со стандардот на живот. Малите земји кои доминираат меѓу првите 10 на листата сите имаат мал број жители во споредба со лидерските земјите во поглед на БДП како што се САД, Кина или Германија.

Најголем дел од малите нации главно зависат од имигрантски работници, кои често не живеат во земјата во којашто работат или немаат жителство, па затоа не се пресметани во БДП по жител. Еве кои се најбогатите земји во светот и нивниот БДП по жител.

20. Австралија — 52.190 долари

19. Тајван — 52.304 долари

18. Германија — 52.801 долари

17. Шведска — 53.077 долари

16. Исланд — 54.121 долари

15. Саудиска Арабија — 55.859 долари

14. Холандија — 56.435 долари

13. Сан Марино — 61.169 долари

12. САД — 62.152 долари

11. Швајцарија— 63.379 долари

10. Хонгконг — 64.533 долари

9. Кувајт — 66.673 долари

8. Обединети  Арапски Емирати — 68.662 долари

7. Норвешка — 74.065 долари

6. Брунеи — 79.726 долари

5. Ирска — 79.924 долари

4. Сингапур — 98.014 долари

3. Луксембург — 110.870 долари

2. Макао — 122.489 долари

1. Катар — 128.702 долари

Слично

Поврзани вести