Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се 10 најбарани професии во Хрватска

Ова се 10 најбарани професии во Хрватска

Во Хрватска во 17% од објавените огласи се бараат трговци или продажни застапници, а во 13%  работници за во производство или занаетчии. 

Сајтот Moj Posao открива дека секој 5 оглас кај нив бил за работа за во туризам и угостителство. 

Десет најбарани професии во Хрватска лани биле келнер, продавач. готвач, програмер, возач, продажен претставник, учител, работник за во склад, фризер, и администратор. 

Сепак во земјата недостигаат луѓе за работа во кафулиња и ресторани и порталите пишуваат за тоа дека и за други позиции ќе има проблем да се најде кадар. 

Се наведува дека луѓето кои би можеле ова да го работат веќе заминале и ја нашле среќата во Германија, Австрија и Ирска. 

Програмерите се почесто се решаваат да бидат сами свои газди отколку да работат за плата. 

Слично

Поврзани вести