Ова никој никогаш нема да може да го украде од вашиот бизнис
„Никогаш не можете целосно да ги заштитите своите идеи“, вели Katia Beauchamp, која ја осмисли комерцијалната платформа за производи за разубавување, и од лансирањето во 2010 година повеќе пати е копирана.
Како што пишува сајтот „Бизнис инсајдер“, Beauchamp на конференцијата “Fast Company’s Innovation” објасни како конкуренцијата и плагијатите функционираат во нејзиниот случај. Една од конкурентските компании позната по тоа што ги клонира компаниите како што се Амазон и Пејпал, доаѓа од Германија и подигнала 75 милиони евра против компанијата Birchbox, за да го лансира европскиот клон на нејзиниот сервис, кој го нарекле “Glossy Box”.
“BirchBox” почнал толку брзо да се развива што неговата сопственичка немала време да се фокусира на конкуренцијата. Наместо тоа, се фокусирала на работата која ги држеле работите под контрола-визијата на компанијата.
„Постои една работа која никој никогаш не може да ви ја земе, а тоа е визијата. И тоа кога тогаш ќе го видите на вашиот бренд“, рекла Beauchamp, и додала дека на почетокот таа и нејзиниот тим знаеле дека процесот на откривање на убавината не е таков дека во него ќе уживаат сите клиенти. Со време таа визија еволуирала и созреала, и продолжила да го води бизнисот во добра насока.
„Сфативме дека нашата идеја е многу поголема отколку што мислевме на почетокот, на пример дека постојат многу жени кои никој не ги ставал во категоријата „убави“ и ... ние можеме да ги увериме во тоа, можеме да ги ставиме на прво место.
Сето ова ни овозможи да останеме фокусирани на тоа што знаеме да го правиме, и иако конкуренцијата продолжи често да ни се „заканува“ , можам да кажам дека ние тоа го разбираме најдобро. Го чуствувам тоа како да тие допрва тргнуваат во прво одделение, а ние веќе сме во средно училиште“, објаснува оваа млада и успешна претприемачка.
