ОВА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА ИНДИЈЦИТЕ: Трамп воведува такса од 100.000 долари за визи за квалификувани работници
Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе бара од компаниите да плаќаат 100.000 долари годишно за привремена работна виза H-1B, што би можело да нанесе сериозен удар врз технолошкиот сектор кој во голема мера се потпира на експерти од Индија и Кина.
„Ако обучувате некого, тоа ќе бидат луѓе кои неодамна дипломирале на некои од одличните универзитети низ нашата земја. Обучувајте ги Американците. Престанете да носите луѓе кои ни ги одземаат работните места“, рече министерот за трговија Хауард Лутник.
Некои работодавци ја искористија програмата за привремени работни визи за да ги намалат платите, штетејќи им на американските работници, според извршната наредба потпишана од Трамп во петокот.
Бројот на странски работници во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) во САД се зголеми повеќе од двојно помеѓу 2000 и 2019 година, на речиси 2,5 милиони, додека вкупното вработување во STEM се зголеми за само 44,5 проценти во истиот период, се наведува во документот.
Најголем број привремени работни визи, дури 71 процент, им се доделени на работници од Индија лани, додека кинеските државјани се на второто место на листата, со удел од 11,7 проценти, според официјалните податоци на САД.foto printskrin
