Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

Снег го завеа Балканот. Покрај Словенија и Хрватска, од утрово снег има и во соседна Србија. 

Како што јавуваат тамошните медиуми, денеска во споредба со вчера е постудено од 15 до 20 степени, а снег врне и во Златибор, како и во Шабац, Косјериќ, Тара и Фрушка Гора.



Снегот во областа Златибор и Тара е влажен и се топи.

Засега нема проблеми во сообраќајот.

На Златибор утрово во 19 часот се измерени 0 степени Целзиусови.

Снег почна да паѓа и на ридовите околу Ужице и Дебела брдо, а во пониските места лапавица.




За потсетување, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) за денеска најави облачно време со врнежи од дожд, врнежи и грмежи, а на високите планини снег.

Пообилни врнежи се очекуваат на југот од земјата.

Како што може да се види на видеото објавено на „Блиц.рс“, снег провејува и на Фрушка Гора.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести