ОВА НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Доларот порасна во однос на другите валути
Најавите за рестартирање на економијата го зајакнаа доларот.
Оваа валута порасна во однос на јенот, затоа што мерките на Соединетите држави и другите земји за рестартирање на економиите ги поттикнаа надежите на инвеститорите за побрзо глобално закрепнување од рецесијата.
Доларот порасна за 0,28 проценти денес на 106,95 јени и остана стабилен во однос на еврото на 1,0843 долари за евро, пренесува Ројтерс.
Доларот се тргува за 0,9710 швајцарски франци.
Британската фунта денес претежно мируваше во однос на американската валута на 1,2419 американски долари.
Фунтата е стабилна и се тргуваше за 87,32 пени.
Слично
