Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова ќе ги засили тензиите - Литванија го забрани превозот на стоки до Калининград

Ова ќе ги засили тензиите - Литванија го забрани превозот на стоки до Калининград

Литванија го забрани превозот на стоки до руската енклава Калининград. 

Одлуката значи применување на санкциите на ЕУ и дополнително ќе ги влоши тензиите меѓу Унијата и Русија. Забраната може да ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО. 

Веста ја објави гувернерот на Калининград, Антон Алиханов. Алиханов рече дека забраната ќе опфати меѓу 40 и 50 отсто од артиклите што Калининград ги увезува и извезува во Русија преку Литванија бидејќи списокот со санкции на ЕУ особено вклучува јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија.

Поради руската инвазија на Украина, ЕУ и САД досега воведоа серија санкции. 

Слично

Поврзани вести