Ова ќе ги „удри по џеб“: Се зголеми цената на гасот во Бугарија
Цената на природниот гас скокна во Бугарија.
КЕВР одобри зголемување на цената од речиси 8 отсто. Регулаторната комисија за енергетика и вода ја одобри цената на природниот гас за ноември на 65,82 лева/MWh или 33,65 евра/MWh, без цените за пристап, пренос, акциза и ДДВ. По оваа цена, „Булгаргаз ЕАД“ ќе продава природен гас на крајни добавувачи и на лица на кои им е издадена лиценца за производство и пренос на топлинска енергија. Одобрената цена е за 4,81 лева или речиси 8 oтсто повисока од онаа за октомври.
Регулаторот ја одобри цената по анализа на моменталните податоци доставени од Булгаргаз ЕАД. Ценовниот микс ја вклучува целата договорена количина на азербејџански природен гас испорачан преку интерконекторот Бугарија-Грција (IGB), во согласност со долгорочниот договор со Азербејџан, пренесува Вести.бг.
foto frepik.com
