Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија

Ова ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија

Џес Л. Бејли, дипломат од кариера, треба да го замени Пол Волерс на местото американски амбасадор во Македонија, соопшти Белата куќа. Негова последна задача била заменик-шеф на дипломатската мисија на САД во Анкара, Турција, а на оваа функција бил од 2011 година.

Од 2010 до 2011 година, Бејли служи во Стејт департментот како директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа.

Претходно, како дел од својата дипломатска кариера, тој ги извршувал и функциите: директор на Канцеларијата за политички прашања на Обединетите нации, лидер на Регионалниот тим за реконструкција во Ербил, Ирак, директор на вашингтонскиот Прес центар, советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија и офицер за културни прашања и офицер за информации - портпарол на Амбасадата на САД во Анкара.

Предлогот за назначување на Бејли за прв човек на мисијата во Скопје е доставен до Конгресот, заедно со уште неколкумина други кандидати за амбасадори во неколку земји од светот.

„Овие посветени индивидуалци носат со себе богатство на искуство и талент на нивните нови функции и јас сум горд што ќе служат во оваа администрација. Со нетрпение очекувам да соработувам со нив во месеците и годините што ќе следат“, изјави американскиот претседател Барак Обама, објавувајќи ги номинациите.

Слично

Поврзани вести