ОВА ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Во замрзнувач во болница најдени бебиња
Во замрзнувач во болницата во Србија се пронајдени 13 мртви бебиња.
Во Општата болница во Краљево во замрзнувач имало 13 мртви бебиња. Директорот на болницата „Студеница“ во Краљево, Зоран Мрвиќ денеска на новинарите им изјавил дека тоа не се украдени бебиња, туку се работи за бебиња починати на породување. Додава дека на некои од нив е направена обдукција и кои се впишани во општинските книги, а нивните родители не сакале да ги преземат.
„Тоа се мртвородени бебиња, кои сè уште не сме ги погребале затоа што немаме каде. Не е ништо пронајдено затоа што не сме го криеле тоа. Бебињата се наоѓаат на паталогија како што налагаат прописите“, додале од болницата.
Во тек е формирање комисија, која ќе одлучува за местото каде што во иднина ќе се погребуваат мртвородените бебиња.
