Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ГО ИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Во компанија земаат просечни плати од 1000 евра

ОВА ГО ИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Во компанија земаат просечни плати од 1000 евра

„Македонското кредитно биро“  вработува 5 лица, а просечната нето исплатена месечна плата по вработен во оваа компанијата изнесува 1.035 евра.  Минатата година „Македонското кредитно биро“ остварило приход од 627.000 евра од кои профит е 351.000 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија за лани. Профитот е 56 отсто од приходите, а тоа оваа фирма ја прави можеби и најуспешна домашна компанија кога ќе се споредат остварениот профит и приходите од продажба.

„Македонското кредитно биро“ е единствена компанија која е овластена да води регистар на настанати обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лизинг, осигурување и останати обврски. Овој регистар го користат сите банки и финансиски институции во земјава кои даваат кредити и позајмици. Оваа фирма е основана кон крајот на 2008 година и работи врз основа на Законот за кредитно биро. „Македонското кредитно биро“ е во целосна сопственост на КИБС - клириншката куќа (Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје)

Повеќе овде. 

Слично

Поврзани вести