Oва ги втурна Србија и Косово во нова дипломатска војна
Србија и Косово повторно се во дипломатска војна.
Србија остро реагира на кандидатурата на Косово во Интерпол која треба да се спроведе идниот месец на седница на Генералното собрание на меѓународната полициска организација во Дубаи.
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави дека Косово нема да успее на гласањето за членство во Интерпол.
Овие реакции се предизвикани од одлуката на косовската Влада на седницата во петокот да издвои 1,2 милиони евра за телото за лобирање за членството на Косово во Интерпол.
Во март годинава, генералниот секретар на Меѓународната организација за криминална полиција (Интерпол), Јурген Сток, ги извести косовските власти дека нивниот Извршен одбор разговараше за барањето на Косово да се приклучи на оваа организација.
Седницата треба да се одржи од 18-21 ноември во Обединетите Арапски Емирати.
Приштина минатата недела аплицираше за прием во Интерпол, но косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повлече апликацијата една недела пред седницата на Генералното собрание во Кина поради недостиг на поддршка.
Србија жестоко се спротивстави на членството на Косово во УНЕСКО.
