Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЦРНОГОРЦИТЕ: Koj фалсификува историја?

ОВА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЦРНОГОРЦИТЕ: Koj фалсификува историја?

Локалните власти во Будва одлучија да ја одбележат 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со постери од српската ослободителна армија. 

На постерите пишува „Жителите на Будва кои со своите очи, во живо, на 8 ноември  1918 година го гледале маршот на српската војска извикувале ‘Ова е народен празник за паметење!’“

Oва предизвика бурни реакции во Црна Гора.

Премиерот Душко Марковиќ беше категоричен дека тоа е фалсификување на историјата и увери дека ќе бидат спроведени судски постапки во врска со овој случај.

„Тоа е фалсификување на историјата. Ќе реагираме на овој напад врз државата“- изјави тој. 

Постерите прво ги искритикува црногорското Министерство за култура. Министерството наведе дека Будва е ослободена кога австроунгарската војска се повлекла и без учество на странска армија.

Слично

Поврзани вести