Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ГИ НАСМЕА ЛУЃЕТО: Силниот ветер на граница однесе мобилен тоалет од Хрватска во Србија

ОВА ГИ НАСМЕА ЛУЃЕТО: Силниот ветер на граница однесе мобилен тоалет од Хрватска во Србија

Силен ветер „пресели“ мобилен тоалет од Хрватска во Србија. 

Силниот ветер проследен со дожд однесе мобилен хемиски тоалет неколку метри на граничниот премин, од Хрватска во Србија.

Оваа несекојдневна ситуација предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Меѓу повеќе од 700. коментари, има и политички, отсликувајќи ја тензичната ситуација меѓу Србија и Хрватска. Но, има и духовити.

– Нека провери полицијата дали има пасош и документи и какво е ова возило – напиша еден корисник на „Фејсбук“.

Друг, пак, прашува дали е платена царина за содржината на тоалетот.

Невреме имаше во Србија, Хрватска, Босна. 

Слично

Поврзани вести